вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 7
home Вести

Таравари: Државата нема стратегија да се справи до Ковид пандемијата

Таравари: Државата нема стратегија да се справи до Ковид пандемијата

Градоначалникикот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари во своето гостуваење во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за Ковид пандемијата во државата и посочи дека Република Македонија е држава со најголем морталитет во регионот, па и во Европа и треба да се размисли кој ги прави грешките. Имено тој истакна дека државата е единствена држава во регионот која нема стратегија како да се постапи доколку од тестираните 20% се позитивни, ако 15% се позитивни од тестираните.

-Бројките кои кажуваат како одредени држави менаџираат со кризата, Македонија е рангирана со последен четврт степен на успешност во менаџирањето и мислам дека одговорност треба да се бара од некого. Македонија е мала држвата и треба да се седне да се види кои се најдобрите епидемиолози и најкомпетентни и ако не ја смениме целата комисија барем да бараме таа да се прошири и да се повикаат одредени луѓе без разлика на која партија припаѓаат. Јас гледам во таа комисија тенденцијата е да бидат партиски луѓе и затоа мислам дека треба да се седне да се направи тим кој ќе ни даде најдобри препораки. На Клиниката за инфективни болести вие сеуште немате препораки како да се лекува еден пациент со Кови-19, додаде Таравари.

Коронавирус