понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 51
Во живо

Изјава на Александар Николоски

home Вести

Таравари: Албанците се шегуваат со предлогот на ДУИ за премиер албанец

Таравари: Албанците се шегуваат со предлогот на ДУИ за премиер албанец

Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар вечерва во 24 Телевизија, а во врска со предлогот на ДУИ за премиер албанец, вели дека повеќе албанците се шегуваат со ДУИ за тој предлог, дека истото е демагогија и ја понижува интелегенцијата,но ја дефокусираат и јавноста од неуспесите на ДУИ кон албанците.

-Господинот Ахмети е 18 години на власт, овие се седдми парламентарни избори, на шест парламентарни избори победил, имал прилика за ваков предлог, имал шанси 2006, 2009,2011,2016 година, Ахмети беше пратеникот кој не отиде да го гласа Талат Џафери за претседател на Собрание, вели Таравари.

Таравари вели дека по нивните анкети, неговата партија била две три посто над ДУИ и Ахмети, , како и тоа дека со ниеден закон е забрането албанец да биде било каков висок функционер, нема потреба да се збори со истото, Таравари вели дека ова било демагогија на ДУИ, зашто мандатар може да биде Заев или Мицкоски, практично не било изводливо.

Коронавирус