среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Вести

„Танец“ сподели тажна вест: Почивај во мир Лилјана Печевска

„Танец“ сподели тажна вест: Почивај во мир Лилјана Печевска

Со голема тага ве известуваме дека денеска, по долго и храбро пркосење на тешката болест, почина нашата почитувана колешка Лилјана Печевска, гардеробер во НУ „Танец“. Нашата институција загуби посветен работник, а семејството Печевски добра мајка и сопруга, пишуваат од „Танец“.

Нивната последна порака до колешката ја пренесуваме во продолжение:

Лилјана Печевска е родена на 1 февруари 1959 година во Скопје, а со работа во ансамблот „Танец“ започнува во 1978-та година, како помошник-гардеробер. Во институцијата до денес оствари 33-годишен работен стаж и со својата голема посветеност кон работата и огромната љубов кон носијата, остави неизбришлива трага во историјата на „Танец“, но и во срцата на сите вработени. Токму благодарение на нејзиниот ревносен пристап кон богатиот фундус вредни македонски носии, таа придонесе ова непроценливо фолклорно богатство да биде негувано и сочувано за сегашните, но и за идните генерации играорци на „Танец“. Заради ова, но и заради нејзината присутност на сите концерти и патувања на ансамблот, дома и надвор од земјата, вработените во „Танец“ често ја нарекуваа и мајка. Нејзината темпераментност, широка насмевка и љубовта, која несебично ја пружаше и ја ширеше кон секого, ќе останат трајно врежани во меморијата на сите кои ја делеа работната средина со неа.

Почивај во мир, драга наша Лиле и длабоко сочуство до твоите најблиски.

Ќе ни недостасуваш бескрајно.

Од раководството и сите вработени во НУ „Танец“!

ЖАЛНА ВЕСТСо голема тага ве известуваме дека денеска, по долго и храбро пркосење на тешката болест, почина нашата…

Gepostet von TANEC – National Institution of Macedonian Folk Dances and Songs am Dienstag, 20. Oktober 2020

 

Коронавирус