четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 57
home Вести

„Танец“ се збогува со Џорлев

„Танец“ се збогува со Џорлев

Со неизмерна тага ја примивме веста дека, на неполни 54 години, прерано замина познатиот виолинист, музички предагог, поранешен член на оркестарот на Македонската опера и балет, телевизиски шоумен и поранешен директор на НУ „Танец“, Зоран Џорлев. Раководството на „Танец“ и сите вработени изразуваат длабоко сочувство до неговото семејство и сите колеги со кои ја делеше сцената повеќе од четири децении. Вечна ти слава, напишаа од „Танец“.

Зоран Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството, живеејќи на улицата „Пере Тошев“ во близина на киното, заедно со братот Ристо (Ице) и сестрата Софче.

Тој е дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му бил познат композитор на народна музика и водач на оркестар. Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“. Во 1989 дипломира виолина на Факултетот за музичка уметност.

Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работеше како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година.

Коронавирус