сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Тампон зона меѓу Гинекологија и Катната гаража

Тампон зона меѓу Гинекологија и Катната гаража

Во последниве денови ГАК испрати писмо до министерството за здравство за да се преиспита одлуката за изградба на монтажна катна гаража до Клиниката за гинекологија.

ГАК во писмото го потсетиле министерот дека уште во март побарале тој простор кој е во непосредна близина до неонаталната интензивна нега, да се санира и облагороди со зеленило кое ќе биде од корист и за пациентите и вработените.

Оваа иницијатива во писмото најмногу потсетува за недоносените новороденчиња под чии прозори треба да никне катна гаража иако од таа страна се машините за внесување на воздух за вентилација на интензивна нега, операционите сали и на целата клиника. „За таа цел предложивме половина од површината на дупката од околу 2.800 метри која во меѓувреме се тампонираше, да се уреди со хортикултурно зеленило во вид на мини парк и да преставува „тампон зона“ меѓу гаражата и одделот на предвремено родените бебиња“, се вели во писмото до Филипче.

Според одредени информации дознавме дека министерот Филипче им одговорил на писмото на ГАК дека нивната забелешка била во ред, и дека ќе има тампон зона помеѓу ГАК и новата катна гаража.

Најнови вести

Коронавирус