недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Талир одложен за 16 април. Одбраната бара СЈО да и достави 26 изјави од сведоци на увид

Талир одложен за 16 април. Одбраната бара СЈО да и достави 26 изјави од сведоци на увид

Во кривичен суд денеска започна судската постапка за случајот на СЈО “Талир”. Одбраната побара одложување на главната јавна расправа, бидејќи од страна на СЈО не и биле доставени 26 изјави од сведоци.

-Утврдивме дека треба да ни се дадат цд-иња со 26 вербални изјави од сведоци. Ова го бараме се со цел да ја дополниме нашата листа на докази, доколку произлезе нешто од тие изјави, рече адвокатот Сања Алексиќ.

Јавниот обвинител се согласи да ги обезбеди и достави цд-ињата на одбраната, со исклучок на изјавите од заштитените сведоци. Одбраната може да изврши увид во истите во просториите на СЈО.

Коронавирус