петок, 21. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Талат го минира Заев: Оптимално е Собранието да се распушти на 16. февруари

И додека Заев се заканува со нераспуштање на Законодавниот дом доколку не с едонесе предлог-законот за ЈО, Џафери не е на таа линија. Спикерот пуштил предлог-одлука за распуштање на Собранието и побарал од ДИК да се изјасни кога е оптималниот ден за распуштање на Собранието. Од таму му кажале дека оптималниот рок е 55 дена пред изборите, односно во понеделник.
Талат го минира Заев: Оптимално е  Собранието да се распушти на 16. февруари

Јас се раководам од процедурите во Собранието. Факт е дека Законот е пристигнат и јас немам право за влијание врз предлогот, изјави спикерот Талат Џафери.

И додека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се заканува со нераспуштање на Законодавниот дом доколку не се донесе предлог-законот за ЈО, Џафери не е на таа линија.

„Ако има несогласувања, треба да кажат партиите и предлагачот да ги измени тие делови. Врз основа на тие материјали, јас во рок од еден час сум рекол дека ќе свикам седница, тоа и го сторив, свикана е за во 17 часот”, рече Џафери.

Тој истакна дека предлагачот, односно владата, до почнување на седницата да достават измени.

Џафери пуштил предлог-одлука за распуштање на Собранието и побарал од ДИК да се изјасни кога е оптималниот ден за распуштање на Собранието. Од таму му кажале дека оптималниот рок е 55 дена пред изборите, односно во понеделник.

Коронавирус