понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Талат Џафери одби да се поклони пред спомениците на АСНОМ и Карев (ФОТО)

Талат Џафери одби да се поклони пред спомениците на АСНОМ и Карев (ФОТО)

Зошто спикерот Талат Џафери вчера на одбележување на Илинден во Скопје, го прекрши протоколот и одби да се поклони пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев? Вработени во Собраниските служби потврдуваат дека, според протоколот, Талат Џафери, како носител на овогодинешното чествувањето на Илинден во Скопје требало да го стори тоа, но и тие се изненадиле од ваквиот негов потег, пишува Република.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието за „Република“ изјавија дека се било вообичаено, ништо не отскокнувало од протоколот.

-Се договриивме со протпретседателите, бидејќи Весел мемеди ја предводеше собранската делегација во Крушево, Горан Мисовски во Пелинце, да ѝ дадеме простор на Фросина Ремески како единствена жена-потпретседател, да ја предводи делегацијата на Собранието во Скопје. Затоа така се поделија, претседателот на Собранието беше пред Ченто, а Ременски пред АСНОМ и пред споменикот на Никола Карев пред Собранието, велат за „Репубика“ од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Државниот протокол налага полагање пред три споменици во центарот на Скопје, најпрвин пред споменикот на АСНОМ во Жена парк, потоа пред споменикот на Никола Карев пред Собранието и на крај пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот.

Талат Џафери одби да се поклони и оддаде почит пред Асномците и Карев, а останатите делегации и гости ги пречека пред ресторан на плоштадот од каде се упати кон споменикот на Ченто.

Можеби Талат Џафери сакаше да го избегне минувањето низ Триумфалната порта каде поминаа сите делегации, вклучително и собраниската која место Џафери ја предводеше Фросина Ременски и владината делегација во состав, Мила Царовска, Драган Тевдовски и Едмонд Адеми.

Коронавирус