понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 68
home Вести

„Тајна мала свадба Кичево“: Коронавирус фатил младоженецот и дел од гостите

„Тајна мала свадба Кичево“: Коронавирус фатил младоженецот и дел од гостите

Младоженецот и дел од гостите од свадбена веселба во Кичево се заразиле со коронавирус, ама во епидемиолошките прашалници никој не ја споменал забавата, дознава „Слободен печат“.

Невестата е наведена како контакт на позитивниот сопруг, а позитивна е и сопругата на братот на младоженецот.

Свадбата се одржала во приватенен стан на затворено, минатиот викенд. Присутни биле најмалку 30 луѓе во затворена просторија во стан, а Кичево, иако град во кој секој со секого се знае, ја нема регистрирано оваа церемонија како можен настан од кој се инфицирале барем двајца, а можно е и повеќе лица.

Центарот за јавно здравје Битола кој е надлежен за овој град, вчера регистрираше 18 новозаразени во Кичево, што претставува рекорд за градот.

Денеска има нови четворица позитивни. Меѓу вчерашните потврдени се наоѓал зетот. Неговата штотуку венчана сопруга е засега посочена како контакт. Во епидемиолошките прашалници никој не навел податок дека присуствувал или организирал свадба.

Веселбата, според  информации на порталот била одложувана подолго време, но на крајот семејствата не и одолеале на организацијата на настанот, за која одекнало низ градот но не доволно силно за да дознаат и епидемиолозите.

Комисијата за заразни болести од почетокот на летната сезона ги издржува притисоците на угостителите кои инсистираат и се закануваат со штрајк ако не им се дозволи организација на вакви веселби.

Здравствените власти се децидни дека организација на било какви собири во затворен простор, со голем број луѓе, без маски и без дистанца од 2 метри меѓу присутните, предиспозиции што по дифолт на прославите не можат да се исполнат, се огромен ризик за ширење на заразата.

Меѓутоа, ова воопшто не ги спречува граѓаните да ги организираат ваквите ризични прослави во домашни услови.

Таков бил и случајот со конкретната свадба, која се одржала во двор од семејна куќа, по што следело и развивањето на симптоматологија на ковид. Со самото тоа што на епидемиолошките прашалници не е наведено организирање на собир, на епидемиолозите им се врзани рацете за тоа да ги анкетираат присутните гости на веселбата и нивните контакти.

Целата вест прочитајте ја на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Коронавирус