четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 127
home Вести

Тахири: Мислењето на граѓаните е дека бегството на Груевски е договор со Заев

Тахири: Мислењето на граѓаните е дека бегството на Груевски е договор со Заев

Политичкиот аналитичар Сефер Тахири во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека граѓаните можеби ја имаат и најправилната оценка кога велат дека овој е еден вид на договор и не може да се убеди ниту еден граѓанин дека тоа не е така.

-Мислам дека на Македонија и се случува една чудна ситуација бидејќи, многу граѓани реагираат во разни амбиенти, по социјалните мрежи и од друга страна премиерот вели дека нема никаков договор со поранешниот лидер на опозицијата и дека воопшто не доаѓа во предвид тоа. Опозицијата го критикува премиерот и бара одговорност од него и Спасовски, и нормално со право. Но што кажува сето ова? Целата оваа ситуација зборува за тоа како што кажав и порано имаме ситуација која не приморува да дискутираме за вакви прашања како што се, кај е премиерот и дали треба да му се даде азил, а многу едноставно доколку државните институции си ги извршеа нивните законски обврски, можеше да го имаме поранешниот премиер тука и да одеше на своето заслужено место, рече Тахири.

Тахири исто така зборувајќи за бегството на Груевски кажа дека истото личи на договор кој е направен од порано.

-Ситуацијата е многу нејасна во смисла на функционирањето на системот бидејќи системот потфрли во целост и граѓаните можеби ја имаат и најправилната оценка кога велат дека овој е еден вид на договор и не можете да убедите ниту еден граѓанин дека не е така. Еве на пример јас дојдов со еден човек кој ме возеше до вашата телевизија и тој вели дека ова нема шанса да не е договор, и ова е општото мислење на сите граѓаните. Овој е договор кој е можеби направен од порано помеѓу Заев и Груевски. И од друга страна се констатира дека и да не е така, целокупната ситуација личи дека е договор, што значи и ако не е вистина тоа што Заев се договорил. Зборот ми е дека и доколку државните органи не дозволиле слободно заминување на Груевски кон Унгарија, тие не си ја завршиле својата работа за да го задржат тука, изјави Тахири.

Коронавирус