понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 164
home Вести

Тачи: Анкетите покажуваат дека ВМРО ДПМНЕ стои пред СДСМ

Тачи: Анкетите покажуваат дека ВМРО ДПМНЕ стои пред СДСМ

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Менду Тачи, на гостувањето во емисијата “Пресинг“ на косовската телевизија Т7, во врска со последните политички движења во земјата, рече дека СДСМ е принудена да коалицира со албанските политички партии со цел да го прикрие поразот затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу подобра на анкетите во однос на СДСМ за Заев, додавајќи дека е сигурен дека на овие избори од 12 април, нема пак да се повтори 2016 година кога огромен број на Албанци гласаа за СДСМ.

– Јас комуницирам со луѓе за кои велат дека гласале за СДСМ, зошто велат дека ДУИ ги уништила. Но, сега економијата е уништена. Во овие три години состојбата на Албанците е многу влошена, Албанците многу ослабеа економски. Јас сепак сум за коалиција меѓу Македонците и Албанците, но не во оваа форма, затоа што тоа се рефлектира така што ВМРО-ДПМНЕ многу го зголемува гласачкото тело и што ако тие освојат 62-63 паратеници и ние не сме важни за владеење. А сите анкети се такви што покажуваат дека СДСМ е многу послаба од ВМРО-ДПМНЕ и оваа коалиција е направена заради тоа, рече Тачи.

Тој останува на ставот дека за да коалицира со Социјалдемократскиот сојуз на Зоран Заев треба да се прифата неговите барања, кои се Дводомен Парламент и само една вицепремиерска позиција, која треба да му припадне нему и која треба да има ингиренции врз финансискиот дел, односно државниот буџет.

Според предлогот, кој воедно е и услов за коалиција на Тачи, долниот дом на Парламентот треба да биде дом на националностите, односно нациите каде што бико која одлука ќе треба да се донесе со консензус.

– Ако успеам да ја реализирам нашата главна цел, која според планот во рок од четири години позицијата на заменик премиерот да не биде да не остане на индивидуална или партиска симболика. Ова прашање заедно со коалициониот партнер, во рок од четири години да го подигнеме на ниво на Дводомен Парламент. И после тоа, кога ние го имаме дводомниот Парламент, каде што го имаме домот на националностите, на нациите, каде се гарантира овој консензус, тогаш може да зборуваме за кадровски прашања, дали ќе биде експерт заменик премиерот, дали министерот за финансии ќе биде Албанец или Македонец малку е важно затоа што домот на националностите, кое што го контролира прашањето на буџетот ја спречува злоупотребата на државниот буџет, истакна Тачи.

Тачи додаде дека сето ова му го пренел и поранешниот премиер и актуелен претседател на СДСМ, Зоран Заев на средба која што ја имале неодамна при што јасно му потенцирал дека по однос на ова негово барање, за Дводомен Парламент и само една позиција на заменик премиер, која треба да му припадне нему и која треда да се занимава со државниот буџет, не е подготвен да прифати било каков компромис.

– Ние имавме средба за преговори со Зоран Заев од СДСМ за коалиција, јас обично сум внимателен со речниот но, ова е моето барање и предуслов. Тие направија коалиција со една мала албанска партија и имаа една фарса на молчење од некои 7-8 дена, можеби мислеле дека тоа може да биде најдобриот метод, најдоброто средство на притисок, имаа една изјава дека планираат да се сретнат со мене, но остана уште многу малку време, затоа што ние треба да ги затвориме листите за 4-5 дена. Јас не сум подготвен да направам компромис по однос на ова прашање. За позицијата заменик премиер не сум спремен да направам компромис. До сега Македонија имаше по четири заменици премиери. Моето барање е поинакво, да се промени правилникот и да има само еден заменик премиер. Нека има потпретседатели на Влада повеќе, но заменик премиер да биде само еден и тој да го покрива финасискиот сектор, рече Тачи во интервјуто за косовската телевизија.

Локални избори 2021