петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 30
home Вести

Т.Н.Т: Вешто лице тврди дека сериозна институција не чува смс пораки во Ексел фајлови

Т.Н.Т: Вешто лице тврди дека сериозна институција не чува смс пораки во Ексел фајлови

Техничкиот советник Орце Симов професор по информатика на меѓународниот славјански универзитет “Гаврило Романович Державин”, денеска во кривичен одговараше на прашања во врска со законско и незаконско следење на комуникациите. Тој рече дека клучно нешто за да се потврди автентичноста на смс пораките е од аспект на формат.

-Доколку се работи за законско следење тоа можат да го прават само МВР, Ј.О, Царинска управа, Финансиска полиција и Министерство за одбрана. Такви сериозни институции треба и мора да ја гарантираат автентичноста на смс пораки и тие не ги чуваат смс пораките во Ексел програма, затоа што таа не дава добри заштитни механизми за бришење, менување или додавање на информации. Доколку смс пораките се зачувани во такви бази на податоци тие лесно можат да се бришат податоците во полињата праќач, примач, датум и текст. Тоа се прави со Микрософт ексел од пакетот Микрософт Офис. Со маус се селектира целиот ред и се одбира delete. И потоа не може да се утврди дека табелата е видоизменета, рече техничкиот советник Орце Симов.

Бидејќи не е позната траекторијата на движењето на пораките и не се знае низ колку раце поминале кога се движеле од политичка партија до СЈО, Симов потврди дека не е ни познато колку тие смс пораки биле менувани и бришени, па затоа истите неможат да бидат автентични.

Коронавирус