недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

“Т.Н.Т”: Сведок на СЈО потврди дека постоеле низа пропусти при изградбата на “Космос”

“Т.Н.Т”: Сведок на СЈО потврди дека постоеле низа пропусти при изградбата на “Космос”

Во Кривичниот суд во тек е главна јавна расправа за предметот “Т.Н.Т” или “Космос”, на која се испрашуваат сведоци – предложени од страна на СЈО.

Сведокот Јорго Шундовски, сопственик и директор на проектантска фирма од Битола, кој ги изработил комплет проектите и документацијата за “Космос”потврди дека со записник биле констатирани низа пропусти при изградбата. И тоа парапетен ѕид, столбови во внатрешноста и подигнатост на објектот за 1.43 над котата. Тој во судот изјави дека овие работи не биле во проектот што тој го изработил.

Сведокот потврди и дека иако го изработил ДУП-от за Керамидница, тој не учествувал во утврдувањето на котата за проектот “Космос”.

Коронавирус