четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 38
home Вести

“Т.Н.Т”: Според сведочењето на Борис Тунџев “Космос” не би можел да се упише во Агенцијата за катастар

“Т.Н.Т”: Според сведочењето на Борис Тунџев “Космос” не би можел да се упише во Агенцијата за катастар

Во Кривичен суд денеска со сослушување на сведоци продолжи јавната расправа за случајот на СЈО “Т.Н.Т” или “Космос”. Прв сведочеше актуелниот директор на државниот катастар Борис Тунџев, кадар на СДСМ, кој во 2011 година, во улога на геодет, изршил мерење на објектот “Космос”.

Во неговиот извештај тој утврдил дека Космос на Фијат Цаноски фактички е дивоградба, односно дека има 1 метар и 43 сантиметри разлика на котата за подземните гаражи во однос на добиената градежна дозвола.

Исто така Тунџев потврди и дека без премер на објект, тој неможе да се упише во Агенцијата за катастар на недвижности, објаснувајќи дека според законот за градење и законот за недвижности, доколку се изградил објектот “Космос”, во Катастарот би требало да се достават одобрение за градба и одобрениот проект, по започнување на градбата се доставува целокупната градежна и техничка документација, како и геодетски елаборат од извршен премер за да се утврди фактичката состојба.

Доколку има отстапување од основниот одобрен проект спореден со геодетскиот елаборат на фактичката состојба на терен – пријавата би била одбиена.

Според изјавата на Тунџев пред судот, пријавата за таков објект во случајов “Космос” би била одбиена и никогаш не би можел да биде упишан во Катастарот на недвижности.

Коронавирус