недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 58
home Вести

“Т.Н.Т”: Одбраната бара изземање на вештото лице Мирослав Грчев кој без овластување давал стручно мислење на “ФИНЕ”

“Т.Н.Т”: Одбраната бара изземање на вештото лице Мирослав Грчев кој без овластување давал стручно мислење на “ФИНЕ”

Во Kривичен денеска заврши презентацијата на вкупно 129 материјални докази за предметот “Т.Н.Т” или “Космос”, за кои одбраната побара целосно читање бидејќи станува збор за документи од суштинско значење.

Исто така адвокатите ќе поднесат писмено барање, поткрепено со докази, со кое ќе бараат изземање на вештото лице Мирослав Грчев како и неговото стручно мислење.

-Додека не се изјасни судечкиот совет во врска со вештачењето на Мирослав Грчев и негово изземање, тој доказ не смее да се користи во понатамошната судска постапка, рече адвокатот Татјана Поповски.

На надзорната расправа која се одржала во 2011 година во Собранието, по прашањето за рушењето на “Космос”, Мирослав Грчев признал дека немал овластување за давање стручно мислење на фирмата на Фијат Цановски – “ФИНЕ”.

Тој вештачењето го правел во име на Архитектонскиот факултет.

Поради ова, член на комисијата за транспорт, врски и екологија на седницата во 2011 година го обвинува Грчев за злоупотреба на печатите и на службената должност. Според членот на комисијата, се работи за политички, платени по 120.000 денари, инструирани мислења.

Коронавирус