сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 31
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Регулаторната комисија за енергетика против поскапената струја

home Вести

СЗО со нови насоки за евидентирање на смртноста: Ако пациентот е позитивен, а почине од инфаркт нема да се ,,брои” во починатите од ковид-19

СЗО со нови насоки за евидентирање на смртноста: Ако пациентот е позитивен, а почине од инфаркт нема да се ,,брои” во починатите од ковид-19

Пациентите што ќе починат од инфаркт, дури и кога брисот за ковид-19 им е позитивен, не треба да се водат како смртни случаи како последица на ковид- 19. Ова го пишува во водичот на Светската здравствена организација што го добиле неодамна директорите на повеќе скопски клиники за тоа како се класифицира што е смрт предизвикана од ковид-19.

Во упатството пишува дека луѓето што се позитивни на Ковид 19 може да починат како последица на други заболувања или состојби, меѓу кои и инфаркт и дека ваквите случаи не би требало да се водат како ,,смрт предизвикана од ковид-19”.

Истиот принцип во упатството се препорачува и за оние што починале во сообраќајни незгоди, а чии брисови биле позитивни за коронавирус. Досега во земјава, пациентите што починале во сообраќајки, а за кои посмртниот брис покажал позитивен резултат, беа водени во статистиката на починати, исто како и случаите каде смртта е последица на самоубиство.

Досега во земјава се регистрирани 341 смртен случај од коронавирус. Само последната недела, според статистиката што ја објавува Министерството за здравство, починале 55 лица.

Неделата пред тоа пак, пријавени биле вкупно 57 смртни случаи од 10 градови. Најголемиот дел од нив биле на возраст над 60 години, вкупно четириесет и двајца. Од починатите, 55 биле хоспитализирани, а двајца починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 44 починати лица.

Коронавирус