сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Светски експерт за културно наследство реагира на злоупотребата на СДСМ на Курбиново

Светски експерт за културно наследство реагира на злоупотребата на СДСМ на Курбиново

Да се запре злоупотребата на црквата Свети Ѓорѓија во Курбиново и сите други културни блага за политички и изборни цели бара светски признатиот експерт за заштита на културно наследство професор д-р Панче Велков.

Професорот реагира на ставањето на Курбиново во предизборната кампања на СДСМ откако 3 години беше запрен веќе одобрен проектот за заштита на овој објект.

Темата за блокадата на заштитата на Курбиново беше допрена на емисијата Заспиј ако можеш пред десетина дена каде Велков предупреди на односот на власта кон овој објект од огромна важност.

Веднаш потоа СДСМ се обиде да ја злоупотреби темата.

“Многу ме радува што моето интервју на Алфа телевизија за црквата Св. Горги во Курбиново предизвика голем интерес во предизборието.

За жал, начинот на којшто реагираа високи претстваници на власта, министри во досегашната влада предводена од СДСМ, во врска со заштитата на овој клучен споменик на културата за Македонија, е крајно несеодветен и не дава точни и релевантни информации за црквата и нејзината заштита.

Прво, самиот факт што се користи ваков споменик на културата во предизборна кампања е најблаго кажано непримирен и не- европски. Идентитески и културни вредности, каква што е црквата во Курбиново, или на пример црквата Нотр-Дам во Париз, или пак црквата Свети Петар во Рим, не смеат да се користат во политички цели.

За нив не смее и не треба да има полемика . А СДСМ им ветува на Македонците дека ке ја спаси црквата во Курбиново, откако таа иста нивна власт во 2017 година го запре конзерватроскиот проект на црквата.

Со овој конзерваторски проект во периодот од 2013 до 2016 година, кога тие не беа на власт, беше заштитена црквата со привремен покрив, беше поставена дрвена скела и беа реализирани подготвителни работи на фреските за да се започне со нивна конзервација . Сето тоа се гледа во видео материјалот којшто го постира СДСМ.

И така започнатата но не завршена конзервација на црквата тапка во место повеке од три години… Наместо да се продолжи со конзерватрскиот проект во кој веќе беа вклучени странски ескперти, надлежната институција Музеј и Завод – Битола , во изминативе три години се занимава со проектирање на пешачки патеки во Преспа, со екологија , со политика, со се друго, ама не со црквата во Курбиново .

Наместо да се погрижеше заштитата на Курбиново да биде менаџирана директно од страна на Владата како капитален проект со највисок приоритет за македонската држава, СДСМ ден пред парламентарни избори излегува пред македонската јавност, се фали со туѓи перја и ветува дека ќе го спаси ангелот од Курбиново …

Жална слика за Македонија , а секако најжална токму за црквата Свети Горги во Курбиново.

Предлагам во иднина најважните културни блага во Македонија, каква што е црквата во Курбиново, да бидат прогласени за капитални добра кои ке бидат поштедени од дневна политика, и за кои директно ќе се грижи државата во договор со сопственикот – во случајот тоа е Македонската православна црква. Во спротивно , само ќе имаме раздор меѓу институциите, а спомениците коишто сме ги наследиле како културна и идентитска вредност ке ги изгубиме …”, вели професорот Велков во својата реакција.

Извор: Експрес

Коронавирус