сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 104
home Вести

Светски ден за подигнување на свесноста за растот кај децата

Светски ден за подигнување на свесноста за растот кај децата

Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ денеска по седми пат ќе се придружи на глобалната иницијатива за одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.

– Во земјава во моментов има околу 100-110 деца со нарушувања на растот кои се лекуваат со хормон за раст. Овој Светски ден повторно го посветуваме на онаа голема група на деца кои се уште чекаат до добијат право на лекување. Право кое им е загарантирано со законот, а никогаш не го добиваат поради покасно поставена дијагноза и долго поминато време на листата за чекање поради што стигнуваат до возраст кога веќе не може да се лекуваат бидејќи растот е завршен. Токму поради оваа причина Здужението покрена процес пред Народниот Правобранител, наведуваат од Здружението „Раст“.

Светското искуство, додаваат, говори дека децата со нарушувањата на растот се соочуваат со многу сериозен проблем кој се состои во касно поставување на дијагноза и последователно ненавремено лекување.

– Ненавременото лекување на ова заболување доведува до сериозни последици со кои во иднина како возрасни индивидуи ќе мора да се носат со товарот – заболувањето кое е навидум едноствно и визуелно поврзано со низок раст, но суштински со сериозна основа во позадина и уште посериозни последици. Секогаш потенцираме, па повторно и во оваа прилика за да остане во свеста на секој еден поединец дека растот не е само индивидуален проблем, туку проблем на целото општество. Постојат многу медицински причини кои можат да влијаат на растот кај детето. Во основа, нарушувањето на растот е многу често најраниот симптом кој ни открива многу други медицински патолошки состојби кои стојат во позадина како причина, се вели во соопштението.

Проблемот, како што посочуваат од Здружението, е во тоа што децата многу касно се препратени кај специјалист педијатар ендокринолог за подетална анализа и точна дијагноза. Загриженост за висината обично се случува кога децата веќе ќе бидат во понапредна возраст, најчесто во повисоките одделенија во основното образование и кога висината е многу важна во склоп на целокупниот физички изглед. Кога детето ќе стигне до еднокринолог педијатар и ендокринолог за возрасни, дијагнозата без потешкотии се поставува, но веќе е многу доцна. За поголем дел од нарушувањата на растот за лекување е веке доцна затоа што детето е при крај на растот или пак веќе го завршило својот раст, велат од Здружението.

Здружението преку бројни кампањи и активности успева позитивно да делува границата на поставување дијагноза на нарушен раст да се промени кон помала возраст, нешто што, како што велат, со години не им успева на многу здруженија да го направат.

– Ние ги најдовме дечињата навремено, но не можеме да им помогнеме да добијат можност да бидат лекувани, додаваат од Здружението..

Оттаму упатуваат порака до здравствените власти дека сите деца се еднакви и не смее да се прави никаква разлика меѓу нив.

Тие бараат од Владата и здравствените инситуции да се направи национален регистар на пациенти со нарушувања на растот, терапија за сите деца кои имаат потреба од лекување, изнаоѓање на систем кој нема да зависи од тендерска набавка како во сите земји, право на избор на пациентот за најдобри резулатати и интеграција на овие деца во сите свери и фази на едукативниот систем.

Коронавирус