среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Светски ден на лицата со церебрална парализа

Светски ден на лицата со церебрална парализа

По повод 6 Октомври – Светскиот ден на лица со церебрална парализа, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија денеска ќе одржи настан за подигање на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат овие лица.

Светскиот ден на лица со церебрална парализа, како што посочуваат од Сојузот, е ден кога се преземаат активности со цел подигање на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа и потребата од подобрување на нивните права за независен, самостоен и целосно интегриран живот во општеството.

На настанот е најавено присуството на претставници од Кабинетот на претседателот на Владата, Министерство за труд и социјална политика и Фондот за здравствено осигурување.

Бројот на присутните ќе биде ограничен согласно протоколите за почитување на мерките за заштита од ширење на коронавирусот.

Коронавирус