вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 54
home Вести

Светски ден на аутизам– Да ја дадеме својата поддршка

Светски ден на аутизам– Да ја дадеме својата поддршка

Аутизмот е невроразвојно нарушување кое значајно влијае врз способноста на комуникација и социјална интеракција. Се карактеризира со ограничено и повторливо однесување. За разлика од минатото, кога проценките биле дека од аутизам страда 1 на 10.000 илјади деца, денес се смета дека 1 од 100 деца развиваат аутизам. Одредени анализи покажуваат дека во наредните години во светот ќе има повеќе деца со дијагноза на аутизам отколку со рак, дијабетес и сида заедно, што е повеќе од загрижувачки.

Денешниот датум, 2-ри април, со резолуција на Обединетите нации од 2007-ма година се одбележува како Светски ден на аутизмот. Ширум светот се испраќаат пораки за поголема грижа од надлежните, повисока свест од општеството, подобри услови во градинките и училиштата за децата со аутизам.

Раното откривање на аутизмот и навремениот третман се многу битни за понатамошниот тек на животот, бидејќи на детето му се помага да стекне одредени социјални вештини и самостојност.

Родителите треба да се консултираат со лекар ако забележат дека детето не се смее и не покажува реакции на среќа до шестиот месец. Ако не постои гестикулација (вперување со прстот, мавтање со рацете поздравни пораки и сл.)до прва година од животот, ако не прозбори ни збор до 16 месеци, ако не реагира на своето име.

Коронавирус