недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Светозаревиќ: Музејот на македонската борба е музеј на науката

Светозаревиќ: Музејот на македонската борба е музеј на науката

Историската поставка е создадена од четири најеминентни професори и историчари, доктори по историски науки кои се специјалисти за 19 и 20-тиот век. Истата таа концепција е проверена и потврдена од други 20-тина специјалисти од Институтот за национална историја, факултетот при УКИМ, Академијата дури и пензионирани професори, вели директор на  Музејот на македонската борба Бранислав Светозаревиќ во вчерашното негово гостување во емисијата „Алфаскоп“, откако деновиве се шпекулира дека работната група која вршеше ревизија на Музејот изготви извештај дека истиот е направен од историски невистини.

Тој додаде дека кога се правела музејската ВМРО биле ангажирани голем број на експерти, додека сега работната група која е формирана за ревизија на музејот не ја сочинува ниту еден експерт или стручен за таа работа.

-Можете да замислете ако мене како стручњак за историја за 19 и 20 век ме ставите во конзерваторско одделение што можам да направам таму, рече тој.

Не држи таа констатација дека тој е партиски музеј бидејќи Музејот за македонската борба според  Светозаревиќ смета дека не држат обвинувањата дека музејот е партиска конструкција, односно како што тој рече тоа е музеј на науката.

-Еден германски музеиолог ми рече е на овој музеј му верувам, бидејќи видов леви и десни, бидејќи видов и победи и порази, видов и херои и јунаци и некои кои не биле јунаци, видов и надворешни фактори, додаде Светозаревиќ.

Тој ги искоментира и обвиненијата дека Музејот е направен од историски невистини.

-Јас најодговорно тврдам дека такво нешто нема и за да може тоа да се докаже ќе треба ако ја правеле експерти, бидејќи во извештајот пишува дека ја правеле експерти но не се наведува какви експерти, потенцираше  Светозаревиќ.

На прашањето што ќе се случи доколку Македонија ја преименува историјата по волја на соседите, Светозаревиќ дека тоа е упад во идентитетот ставајќи се во една подредена позиција од која нема излез од оглед на тоа дека самите ќе си ја потпишеме судбината.

Тој додаде дека Музејот до сега го посетиле 250.000 граѓани.

Коронавирус