петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 84
home Вести

„Светот во кој живее Заев не е истиот во кој живее обичниот Македонец“

„Светот во кој живее Заев не е истиот во кој живее обичниот Македонец“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција потенцираше дека покрај секојдневните сканадали, државата влегува во економска и политичка криза.

-Надвор од зградите на Илинденска број 2 и од Бихачка владее неправда, сиромаштија и апатија. Со оваа влада секојдневието е дека: дете убива дете, дека еден од убијците на Саздо сеуште е на слобода, истото е и со убиецот на младиот фудбалер кој го загуби животот Мартин Јанушев. На слобода некаде е и убиецот на Пино Секондо, вели Мицкоски и додава:

„Наместо во битка со корупцијата Владата влезе во бика за бришење на шеснаекракото сонце, дека Гоце бил друго, а не Македонец. За 3 години илјадници млади луѓе се иселуваат, ама премиерот вели дека сме блескале. Очигледно светот во кој живее Заев не е истиот во кој живее обичниот Македонец. И еве затоа не сме во Европа и нема датум за преговори“.

 

Најнови вести

Коронавирус