среда, 21. април 2021. Вести денес: 160
home Вести

“Света“ Радмила Шекеринска и нејзиниот “потрчко“

“Света“ Радмила Шекеринска и нејзиниот “потрчко“

Не само Заев, многу помоќни од него во минатото се обиделе да ја срушат Радмила Шекеринска од врвот во СДСМ, ама до ден-денес никој не успеа во намерата.

Радмила Шекеринска е „бела мечка“ во партијата. Бранко Црвенковски, Владо Бучковски, Хари Костов, Зоран Заев, се обидоа ама не успеаја да и ја срушат позицијата во партијата.

Радмила Шекеринска секогаш успеваше на ваков или таков начин да ги победи, во изминатиот период тоа му го прави на Зоран Заев, кој очајно сака и се обидува на секаков можен начин да ја „уништи“ Рада.

Политичката кариера и започна како дете на Црвенковски, потоа почна да работи со Бучковски и Костов, дојде Заев, а Рада повторно доби висока позиција.

Зоран Заев во последнава една година се обиде неколку пати да ја смени, ама Рада како Феникс се издигна и му даде до знаење на Заев кој е кој.

Лидерското место на Заев во овој момент не е загрозено, ама се ближат локални избори, па Заев сака да си постави лично негови кандидати, бидејќи во СДСМ во моментов преовладуваат две крила, она на Заев и на Шекеринска или „Струмичкото“ и „Скопското“ крило. Па така овие две крила ќе бидат во „жестока битка“ за главниот град, кој ќе кандидира свој кандидат.

Неофицијално, крилото на Шекеринска доминира во оваа „битка“.

Скандалите кои се обелоденуваат за Шекеринска како актуелна министерка за одбрана не се случајни. Зоран Заев со ваквите потези сака полека да го ослабе влијанието на Шекеринска во СДСМ, но по се изгледа залудно.

Во една недела Шекеринска два пати на настан со американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнз. Јасна порака до Зоран Заев да не се плетка.

Два пати за една недела на настан со амбасадор на најмоќната држава во светот е јасна порака до Зоран Заев, дека Шекеринска му ја знае намерата и индиректно му испраќа порака да сопре со дејствијата против неа.

Кој победил во „битката“ која Заев тивко ја води против Шекеринска ќе се види на локалните избори, главниот град ќе одлучи кој е кој во СДСМ и порака за идните лидери на оваа партија, главниот град ќе ја направи Радмила Шекеринска „светица“, а Зоран Заев потрчко или западот скроил некоја друга приказна за СДСМ.

Коронавирус