среда, 1. декември 2021. Вести денес: 135
home Вести

Сведоштво на жената која ја пронајде Александра Скорниева падната во провалија

Сведоштво на жената која ја пронајде Александра Скорниева падната во провалија

Граѓани кои самоиницијативно организирале групи за потрага на исчезнатата 29-годишна Александра Скорниева ја пронашле утрово во провалија под мостот на браната на велешкото езеро Младост.

Прва ја забележала велешанка која била дел од потрагата, која за Батали.нет раскажа како ја пронашла младата Александра, но сакаше да остане анонимна.

„Околу 9:30 утрово стигнавме со џип пред мостот на езерото и јас излегов од возилото. Тргнав да се движам по мостот пеш и од провалијата слушнав тивки повици за помош. Се наведнав, но од бујното зеленило, не можев да забележам од каде доаѓаат повиците.

Викнав, а девојчето рече дека ќе ги заниша гранките за да можам да забележам каде е. Беше во седечка положба. Ја прашав дали се вика Александра и таа ми потврди.

Ми рече дека не ги чувствувала нозете и разете, но не знае дали и е тоа од повреда или од студот, бидејќи ноќта била ладна. Потоа се јавивме во полиција, а до моментот додека полицијата пристигна, во оние 15 до 20 минути, цело време разговаравме со девојката. Кога полицијата стигна, почна акцијата за нејзино извлекување од провалијата.

Така, на олеснување на сите нас, заврши овој настан“, раскажува велешанката која прва ја забележала Александра Скориева.

Со возило на брзата помош, младата девојка е однесена во велешката болница. Таа е свесна и контактибилна, но констатирани и се скршеници.

Александра Скорниева исчезна вчера, кога во 8:15 минути го напуштила својот дом, а за нејзиното исчезнување алармираше нејзината сестра преку фејсбук.

Најнови вести

Коронавирус