петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Сведоштво на син на пациент на физикална: Физиотерапевтот и болничарот кој носел храна се меѓу заразените, пациентите дома без тест!

Сведоштво на син на пациент на физикална: Физиотерапевтот и болничарот кој носел храна се меѓу заразените, пациентите дома без тест!

По информацијата дека вкупно 10 лица се заразени со коронавирусот во заводот за Физикална рехабилитација во Козле вечерва со сведоштво излезе син на пациент.

Во продолжение Ви го пренесуваме неговото сведоштво:

Еден од пациентите на Физикална рехабилитација во Козле беше татко ми.

Откако излезе првиот случај со заболениот пациент, него експресно го пуштија од болницата со цел да не се зарази.

Иако татко ми е во домашна изолација, нема никакви симптоми на Корона, во разговор со неговиот физиотерапевт, денес се испоставило дека и физиотерапевтот и болничарот кој што им носел храна на пациентите се заразени од вирусот.

Веднаш реагиравме, прво со кој памет го пуштија лекарите пациентот кој лежеше таму 18 дена, без да му направат тест и да бидат сигурни дека се е во ред.

Ниту државната, ниту приватните болници не дозволуваат веднаш да платиме и да го направиме тестот за КОВИД-19, ни рекоа доколку нема симптоми нема да се направи тестот.

Сепак, утре ќе го направи тестот по големи притискања од наша страна.

Срам да им е на институциите!

Коронавирус