четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Сведоштво на очевидец за трагедијата во Прилеп

Сведоштво на очевидец за трагедијата во Прилеп

65 годишен прилепчанец попладнево изгоре во пожар во гаражата од неговата куќа на улицата „Никола Карев“ во центарот на Прилеп.

Се уште не се знае под кои околности се случил трагичниот настан, но од прилепското Основно јавно обвинителство за Телма потврдија дека нјаверојатно станува збор за несреќен случај при работа со запалива материја. Нешто пред 17 часот попладнево соседите виделе чад и слушнале викање, по што притрчале да помогнат. Го виделе во пламен телото на соседот во гаражата, го изгаснале огнот, но човекот не преживеал, објави телевизија Телма.

–Видов чад, излегов на порта и видов мажите итрчаа. Се вратив дома и му реков на мажот ми да земе лопата и да помогне. Отидовме таму, другите веќе фрлаа песок, ама телото беше јагленисано, рече сосетка за Телма.

Кога пристигнала противпожарната единиц, веќе било доцна и немао потреба за интервенција.

–Примена е пријава во 16,51 во ТППЕ за настанат пожар во гаража каде имаме и починато лице. Дојдовме да интервенираме со две возила, но кога пристигнавме пожарот вќе беше изгаснат од соседите, а лицето починато, изјави Методија Николоски, од ТППЕ-Прилеп

На местото на несреќата извршен е увид од страна на полицијата и јавното обвинителство, а истарагата треба да утврди што точно се случило во гаражата на улицата „Никола Карев“ во Прилеп, иако според првичните сознаија станува збор за несреќен случај.

Коронавирус