петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 31
home Вести

Сведоштво на нашинец кој живее во Италија: Венеција е мртов град, од утре не одиме на работа, од семејството може да излезе само еден член!

Сведоштво на нашинец кој живее во Италија: Венеција е мртов град, од утре не одиме на работа, од семејството може да излезе само еден член!

Нашинец од Дебар кој живее со семејството во Италија за КУРИР посведочи за ситуацијата која се случува таму овие недели.

Имено нашиот читател кој живее во Венеција вели дека моментално е дома со сопругата и трите деца, а дома се веќе скоро еден месец. Ситуацијата е многу сериозна и многу страшна раскажува тој.

-Вирусот Корона се шири многу брзо, има многу мртви, донесен е закон да не се излегува од дома, само во итни случаи да се оди во аптека или продавница. И тоа само еден човек може да го прави од семејството. Доколку те фати полиција повеќе луѓе на улица или во автомобил следуваат големи казни, раскажува тој.

Додава дека претходната недела можеле да одат на работа, а од утре нема да работа и ќе останат дома.

-Единствен спас е да се седи дома за да се заштитиме, додава нашиот читател.

Со тажно срце вели дека Венеција е празна како никогаш до сега, се е затворено.

„Сите на балконите пишуваат Се ќе биде во ред, а болниците работат без престан“, заврши на крај нашинецот кој живее во Венеција.

Коронавирус