вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Сведоштво на Македонци за КУРИР по страшното невреме на Халкидики: Едвај спасивме жива глава, а водата од собите сами ја вадевме (ФОТО)

Сведоштво на Македонци за КУРИР по страшното невреме на Халкидики: Едвај спасивме жива глава, а водата од собите сами ја вадевме (ФОТО)

По страшното невреме кое го зафати грчкиот остров Халкидики веќе втор ден по ред се санираат штетите и се трага по исчезнатите лица.

Сведоци за КУРИР раскажуваат сцени од страшното невреме кое го преживеале околу 10-тина македонски семејства сместени во Неа Потидеа.

Тие раскажуваат дека се уште нема вода и струја, а според најавите струја и вода можно е да нема и до недела.

-Прашајте не нас 10-тина фамилии дали некој не контактираше од агенцијата, сите не откачија од агенции до хотелиери. Цели соби беа поплавени и сами си ги чистевме, а на крајот се вративме дома бидејќи немаше услови да останеме повеќе, раскажува сведок за КУРИР.

Тој во името на сите семејства кои биле затекнати во невремето вели дека агенциите не мрднале со прст за нив и тие живи глави спасувале цели поплавени со деца и стари луѓе.

-Револтирани сме од агенциите кои ни ги земаа парите, а потоа ги немаше никаде, ниту превоз ни обезбедија за враќање. Ние сме од Радовиш и сами си дојдовме со сопствен превоз, додека други семејства со стари лица и деца останаа да чекаат од агенциите да им обезбедат превоз ако тоа се случи…, раскажува сведокот на страшното невреме за КУРИР.