недела, 5. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Сведоштво на Душица Милевска сместена во карантин:Сместени сме во поплавени купатила, со мравки во собите

Сведоштво на Душица Милевска сместена во карантин:Сместени сме во поплавени купатила, со мравки во собите

Недезинфицирано, стари и неиспрани постелнини, мравки во собите, прашина до гуша, и поплавено купатило…ова се само дел од мизерните услови во кој бројни Македонци го живеат 14 дневниот државен карантин. Меѓу нив е Душица Милевска, која за Алфа ја раскажа голготата за нејзиното пристигнување во својата татковина и нејзиното досегашно искуство во еден од хотелите на Попова Шапка.

Освен за “ужасните” услови како што ги нарекува Милевска, таа се пожали и за тоа дека во двокреветни соби се сместувале и по повеќе луѓе – што е спротивно од препораките. Таа се спротивставила и одбила да биде сместена во соба со непознати луѓе, па од надлежните таму добила одговор за подобри услови да си бара “врски” од владата.

За жал не е само Милевска, социјалните мрежи вријат – за лошите услови во државниот карантин.

“ Дојдовме во хотелов „карантин“, каде сеуште никој не ни проверил температура, или нè тестирал, или ни ги погледнал лекарските уверенија од бродските. Ни дадоа соби, некои по двајца, некои по тројца во соба како на екскурзија а не во карантин.” – пишува на фејсбук велешанецот Бошко Јованов.

“Карантин во хотел во Охрид, триојца во една соба со два кревета?! Да да, баш така… Без да ти обезбеди основни услови за изолација од ваков тип нашата татковина насилнички ќе ни објасни како се прави тоа.” – пишува Александар Менков.

“Не третираа како да сме некои криминалци или жариште на болести, како да сме сите болни, никој несакаше ни оддалеку да разговара со нас. Што сме ние за нашата држава?” – пишува Маја Наков на социјалните мрежи.

Откако почна кризата, а земјите во Европа и регионот ги затворија границите, со помош на МНР во земјава се вратиле околу 4.500 граѓани.

Парламентарни избори 2020