Денес на рочишитето за случајот Тенк за набавка на службеното возило Мерцедес, сведочеше сведокот Киро Тодоровски, кој беше предложен од СЈО, а кој своевремено бил член на комисијата за еволација и избор, пренесува Денешен.мк.
Тој во своето сведочење кажа дека Возилото било набавено за потребите на МВР. Прв со возилото се обезбедувал и превезувал генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, а втор кој го користел е емирот од Катар, кој беше во посета на Македонија.
Возилото било користено и од члениците на Европската Унија и други високи гости кои ја посетиле нашата држава.
Тодоровски посочи дека претходно возилата кои се користеа често се расипувале и ги оставале гостите на траса, при што или требале да чекаат друго такво возило од Скопје доколку има такво на располагање во моментот или да продолжат со возило кое не ги исполнува безбедносните стандарди.
Претходно користените вакви возила не обезбедуваа целосна заштита. Постоеше неопходност за набавка на такво возило, посочи во своето сведочење Тодоровски.
Тој во своето сведочење посочи дека никој од обвинетите не му го сугерирал изборот.
-Никој не ми сугерираше каков избор да извршам како член на комисијата за еволуација и избор. Сите до тогаш користени возила за обезбедување беа марка мерцедес црна боја, различни варијации на класата С, посочи Тодоровски.
Сведокот на СЈО кажа дека постапката за набавка на возилото била законска.
– Лично сметам дека по однос на работната комисија во која и јас бев член, запазени се сите постапки, процедури и критериуми за време на јавната набавка на возилото Мерцедес С 600. Беше отворена единствената понуда која ги содржеше сите неопходни елементи, изготвен записник со предлог за набавка, кажа сведокот.
Претходно, на одбраната не и беше дозволено вкрстено испрашување.
Возилото Мерцедес продолжи да се користи за високи гости и од страна на Владата на Заев. Последните информации говорат дека секојдневно се користи, со најверојатни сменети таблици, пишува Денешен.мк.