петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 150
home Вести

Сведокот на СЈО Дитурим Сулејмани: Постапката за издавањето на личните карти беше законска

Сведокот на СЈО Дитурим Сулејмани: Постапката за издавањето на личните карти беше законска

Нарачаните и однапред подготвени искази на сведоците на Лиле Стефанова во случајкт Титаник денес беа целосно превртени од сведоците.

Сведокот Дитурим Сулејмани на прашање на одбраната призна дека сепак лицата кои поднеле барања за лична карта во Ресен биле одобрени бидејќи не постои пропис кој регулира колку лица може да бидат регистрирани на една адреса.

Во помалку комична ситуација Сулејмани истакна дека иако нема прочитано законска или подзаконска одредба со која се регулира користењето на мобилните станици за сликање на граѓани истата ја користел со писмено овластувсње од МВР.

Сведокот Лилјана Потиќ: законски издадовме 50 лични карти. Останатит 300 барања не беа процесирани Уште еден сведок на Стефанова на денешното рочиште за Титаник призна дека постапката заоста и координацијата со Лиле Стефанова, сепак во вкрстеното испрашување од Гордана Јанкулоска Потиќ сепак призна дека постапката ја водела по закон и дека се водела врз основа на проверките од терен кои пак не се врзани со никакво законско ограничување на бројот на лица кои се водат на една адреса.

Очигледна беше нервозата на Стефанова која на паузата ги повика новинарите од провладините медиуми кои го следат судењето за да им даде насоки како да известуваат во текот на рочиштето

Најнови вести

Коронавирус