вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 170
home Вести

Сведок од пред Собранието: Резултатот од „дружбата“ со полицијата се две скршеници на коски на плешка и дланка (ФОТО)

Сведок од пред Собранието: Резултатот од „дружбата“ со полицијата се две скршеници на коски на плешка и дланка (ФОТО)

Корисниците на социјалните мрежи овие денови се згрозија од фотографиите кои секојдневно ги споделуваат многумина луѓе кои беа сведоци на нападот од страна на полицијата врз демонстрантите пред Собранието на Република Македонија.

Еден од нападнатите е и Александар Вучковски кој на својот Фејбук профил објави статус и фотографии од целиот наста пред Собранието.

-Малку доцнам но само што излегов од 24 часовен притвор. Вчера Хунтата на сдс преку својата полиција спроведуваше шарено-демократско-прогресивни техники на дисциплинирање народ. Да не ви се колнам сега дека ниту ги удирав, ниту ги гаѓав со камења и флаши ниту плукав, ниту давав отпор при ставање лисици а сепак ми се “потпишаа”. Резултат на оваа наша дружба се 2 скршеници на коски, на плешка и дланка. #дојдеживот#режимотпречеше#немаправданемамир-демек#истигомна#, стои во неговиот ФБ статус.

Најнови вести