вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Сведок“: Обвинета во случајот „ТНТ“ претепана во Катланово за 1-ви мај

„Сведок“: Обвинета во случајот „ТНТ“ претепана во Катланово за 1-ви мај

Марика Зафировска, обвинета во случајот „ТНТ“ за рушење на комлексот Космос на Фијат Цаноски, била нападната и претепана на 1 мај и поради болничко лекување не дојде на денешното судење, објави порталот „Сведок“.

Нејзиниот адвокат Дончо Наков го извести судот дека Зафировска и нејзиниот сопруг биле нападнати и претепани на 1 мај во викендичка во Катланово, од нивно блиско лице, по што, со возило на Брза помош биле пренесени во болница.

-И биле констатирани повреди на нозете, главата и рбетот, поради што не можела да се движи и ќе била на боледување до 15 мај. Полициската станица Петровец  била надлежна за случајот. Побара судот да закаже судење по тој датум, пишува „Сведок“.

Судот го одреди 11 јуни за нов датум за судење.

Коронавирус