петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Сведок“: Членот на Судскиот совет Беким Реџепи отвора локални патчиња поплочени со бекатон, за втор мандат

„Сведок“: Членот на Судскиот совет Беким Реџепи отвора локални патчиња поплочени со бекатон, за втор мандат

Беким Реџепи, членот на Судскиот совет, кадар на ДУИ, на кого му завршува 6 годишниот мандат во Советот во текот на декември, викендов е „уловен“ од медиумите во друштво на градоначалникот на Сарај Блерим Беџети, како пуштаат во употреба локални патчиња во Рашче, поплоченои со бекатон, пишува порталот Сведок.

Медиум на албански јазик, објавувајќи ги фотографиите, на кои во друштво на Беџеи, поранешен министер за правда е и сегашниот член на Судскиот совет, Беким Реџепи, пишува дека тие биле во Рашче, да ги „благословат“ улиците поплочени со бекатон плочки. Текстот е објавен ан 18 ноември, настанот е од викендов, а завршува со коментар дека откако на градоначалничката позиција е екс министерот за правда, општината „процветала“, биле наместени голем број квадрати бекатон и наскоро Сарај се очекувало да стане главна туристичка дестинација во Македонија.

Беким Реџепи е близок пријател со екс министерот за правда, па викенд дружбата и пуштање на улиците поплоќени со бекатон, се јасна порака дека Реџепи се надева на втор политички мандат, кој може да го добие само доколку ДУИ го предложи по втор пат, а Комисијата за избори во собранието го номинира. Реџепи е дел од политичките членови во Судскиот совет, кои на предлог на партиите се избираат во Собранието.

Целиот текст може да го прочитате на Сведок.

Коронавирус