понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 53
home Вести

Сведоци демонтираа уште една конструкција на Нинџа: Ристовски во критичниот период на 27-ми април не бил на осмиот кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Сведоци демонтираа уште една конструкција на Нинџа: Ристовски во критичниот период на 27-ми април не бил на осмиот кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Ново рочиште – нови деманти и негирања на искажаното од страна на Александар Василевски Нинџа за случувањата на 27-ми април 2017 година.

На судењето за т.н. организирање на настаните на 27-ми април и денес беа демантирани повеќе тврдења на осудениот (во првиот случај) Александар Василевски Нинџа, кој сведочеше дека на 8-миот кат во штабот на партијата имало неколку луѓе, меѓу кои и обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, во периодот од 18 до 20 часот кои, според верзиите на Нинџа за настаните, „ги координирале случувањата“ во и околу Парламентот.

На денешното рочиште беа сослушувани сведоци на екс-министерот Ристовски кои потврдија дека во периодот од 17:30 до 20:30 бил во центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ кој се наоѓа на вториот кат на партијата. Двајца од нив, Л. Галевски и И. Котевски, потврдија дека Ристовски бил во центарот за комуникации, што е директна спротивност на исказот на Василевски-Нинџа дека „тој го видел Ристовски на 8-миот кат во партијата“.

Со ова само се засилува впечатокот во општата јавност дека четирите различни верзии на настаните искажани од Александар Василевски Нинџа се дискредитирани и не може само врз основа на неговите искази да се донесе осудителна пресуда.

Дополнително, Нинџа осуден на казна под минималната во првиот случај за 27-ми април, има искажано 4 различни верзии на настаните, а една од нив токму деновиве беше предмет на интерес на јавноста, откако се појавија и снимки на кои Нинџа зборува за 27-ми април.

„Од она што јас досега го видов во оваа постапка, мислам дека единствениот доказ на Обвинителството, Александар Василевски Нинџа е деградиран до крајни можни граници и сметам дека неможе да биде основа за една осудителна пресуда само со тој исказ“, изјави еден од адвокатите на одбраната Еленко Миланов за денешните сведочења.

Во изјава за медиумите, Миланов оцени дека процесот досега регуларно се одвива и оти сведоците на денешното рочиште кои ги негираа тврдењата на Нинџа покажале што реално се случило на 27 април 2017 година во Собранието.

Обвинителката Рускоска во овој процес предложи само 9 сведоци од кои само еден, Нинџа, „ги пополнува дупките“ во обвинението, додека пак стотина сведоци на обвинетите во случајот ги негираат ваквите тврдења на Василевски, во општата јавност познат како човекот со дебело криминално досие и бројни затворски казни, но и историјат на лажни сведочења пред суд со цел да се стекне со лични придобивки.

ЕУРО 2020

Македонија