сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Сведочеше хирургот: Боки 13 имаше 130 килограми, а сакаше да дојде до 70

Сведочеше хирургот: Боки 13 имаше 130 килограми, а сакаше да дојде до 70

Хирургот Тони Јосифовски кој го оперирал два пати обвинетиот во „Рекет“,  Бојан Јовановски, како сведок предложен од него, одговори дека во 2016 и 2018 година два пати се сретнал со пациентот пред да се оперира.

Но и потоа, по успешната операција, кога Боки бил многу задоволен и почнал да им препорачува и на други лица да ја намалат тежината со лапароскопски метод на стеснување на желудникот.

Пред да почне хирургот да сведочи, на прашање на судија Васка Николовска – Масевска, Јовановски, како негов поранешен пациент, даде дозвола да зборува за неговата здравствена состојба на судењето за „Рекет“.

„Дали познавате некое друго лице во судницава?“, беше прашан сведокот.

„Да, госпоѓата Катица Јанева“, одговори тој.

„Дали со неа зборувавте само за операција на желудникот?“, праша одбраната.

„Да, само за тоа разговаравме“, кажа сведокот.

Хирургот сведочел дека Боки сакал од неговата тогашна тежина од 130 килограми, да стигне до тежина од 70 килограми. Затоа ги направил операциите за стеснување на желудникот.

Целата вест прочитајте ја на Сакам да кажам

Коронавирус