вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 14
home Вести

Свечена програма по повод 71-годишнината од основањето на Народна Република Кина

Свечена програма по повод 71-годишнината од основањето на Народна Република Кина

По повод 71-годишнината од основањето на Народна Република Кина, кинеската Aмбасада во нашата земја подготви свечена програма за чествувањето на празникот.

Од 27 до 30 септември, кинеската амбасада организира „Квиз за Кина“ на нејзинaта Фејсбук-страница (https://www.facebook.com/chinaembassynmk/).

Денеска, со почеток во 17:45 на МРТ1,ќе се емитува документарниот филм „China from above – 1″.

На 1 октомври во 19:30 на МРТ1 ќе има интервју на амбасадорот во Република Македонија Џанг Ѕуо.  В петок, од 07:00-24: 00на голем екран на плоштадот ќе се емитуваат документарни филмови за Кина. Истиот ден на МРТ1 со почеток од 17:45 ќе се емитува документарен филм „China from above – 2″.

Коронавирус