вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Сузана Гавазова повикува на прoтест пред Влада: Сега креваме врева, нема време кога понатаму

Сузана Гавазова повикува на прoтест пред Влада: Сега креваме врева, нема време кога понатаму

Музичарите од земјава повикуваат на масовен протест кој ќе одржи пред Влада, во среда со почеток од 14 часот, а на кој ќе бараат да им биде дозволено да настапуваат, бидејќи, како што велат, оставени се на раб на егзистенција.

„Валиден ПРОТЕСТ на документ, по здравствени мерки, со маска, секој на растојание од 1.5 метар по човек, со наши редари кои ќе ги препознаваат кои се дел од протестот, со полиција која не заштитува нас од околни непознати ликови или политички демонстранти, бина огромна со настап на естрадни музичари, диџеи и останати уметници… Така да, СЕГА излегуваме СИТЕ, сега го остваруваме правото СИТЕ, сега креваме врева, нема веќе време понатаму кога!!! За вас и нас се работи, за нашите кариери и фамилии кои ги раниме дома, за вашите деца е ова!!!“, стои во Фејсбук статусот на најголемата македонска фолк ѕвезда, Сузана Гавазова.

Во продолжение може да ја погледнете целосната нејзина објава,

Коронавирус