среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 38
home Вести

Суви коловози на патиштата, во Охрид намалена видливост поради магла до 50 метри

Суви коловози на патиштата, во Охрид намалена видливост поради магла до 50 метри

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена до 50м во Охрид.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЕУРО 2020

Македонија