петок, 18. септември 2020. Вести денес: 25
home Вести

Суви коловози на патиштата

Суви коловози на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

На регионалниот патен правец Р2431 Штип – с.Аргулица – Плачковица (детско одморалиште) на делот од крак за с. Прналија 500 м. после аеродромот, спрема викенд населбата (28050 км.), сообраќајот е во прекин поради оштетување на патот во должина од 50м. На самото место поставена е вертикална сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус