среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Суви коловози на патиштата

Суви коловози на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ДПТУ Ескаватори известува дека од 23.07.2020 год. (четврток) до 30.07.2020 год. (четврток), во период од 10:00 – 17:00 часот ќе се асфалтира објектот „Поправка и рехабилитација на државен пат Р1309, делница Кочани- Пониква (II фаза)“, при што ќе има изменет режим на сообраќај.За време на викендот, во сабота и недела во период од 10:30 – 11:00 часот и од 14:00 – 14:30 часот патот ќе биде ослободен за поминување на возила. За сите понатамошни активности ќе ве известуваме навремено.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека делницата Штип – Крупиште која е дел од експресниот пат А3 Штип – Кочани, може да се користи за сообраќај. Посакувајќи им пријатно и удобно возење на учесниците во сообраќајот на експресниот пат на делницата Штип (клучка Три Чешми) – Крупиште, сакаме да им посочиме патниот правец да го користат согласно со одобрениот времен режим и да се почитува поставената патна сообраќајна сигнализација.

Од 01.07. започнаа викенд забраните за движење на тешки товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид.

Коронавирус