понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 152
home Вести

Суви коловози на државните патишта

Суви коловози на државните патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Поради изведување на асфалтерски работи на регионалниот пат Р 2344 на делницата нас. Чашка-Голозинци од утре вторник 08.10.2019 секој работен ден освен во недела од 10 до 16 часот во наредните 12 дена патот ќе биде затворен за сообраќај.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Отпочнат е нов начин на наплата на патарини, повеќе информации може да добиете ТУКА.