петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 147
home Вести

Сугарески на средба со Здружението на градежништво во Стопанска комора

Сугарески на средба со Здружението на градежништво во Стопанска комора

Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи работна средба со министерот за транспоорт и врски Горан Сугарески.

Целта на средбата, како што информира Комората, е да се отвори дискусија за идните проекции за капиталните инвестиции, реализацијата на капиталните проекти, плановите за објавување на тендерите, потребата и динамиката за носење на новите прописи од областа на градежништвото, спречување натамошен негативен тренд во градежниот сектор и останати прашања од интерес на членките на Здружението.

МИА

Коронавирус