вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 148
home Вести

Судскиот совет се разбуди: Ќе ја истражува вмешаноста на Кацарска во „Империја“ или ќе ја „пере“ од одговорност?

Судскиот совет ќе одлучува за инволвираноста на судијката Добри Кацарска во предметот „Империја“, изјави денеска претседателот на Советот, Киро Здравев. –Точно е дека судијата Добрила Кацарска, беше цел ден и ноќ во судот кога се одлучуваше за притворот на Камчев – рече Стефанова, во прашање на одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски.  Очекувањата на познавачите на состојбите се дека поради тамошната констелација, веројатно и очекувано е советот да застане во нејзина одбрана и да ја „испере“ Кацарска, сообено поради нејзиниот „минат труд“ во времето на владеењето на Заевата Влада. Во прашање е судијката која го ослободи Зоран Заев од „Поткуп“,  која обвинетите патриоти за местенката на 27 април ги осуди на драконски 211 години, судеше и пресуди во патетичниот случај на СЈО – „Тенк“ за мерцедесот кој и ден-денеска се вози и судијка на која фамозниот АКМИС постојано и ги доделува најжешките случаи против екс раководството на ВМРО-ДПМНЕ...
Судскиот совет се разбуди: Ќе ја истражува вмешаноста на Кацарска во „Империја“ или ќе ја „пере“ од одговорност?

Судскиот совет ќе одлучува за инволвираноста на судијката Добри Кацарска во предметот „Империја“, изјави денеска претседателот на Советот, Киро Здравев.

– На 31 јануари до судски совет е испратено барање од Добрила Кацарска за утврдување инволвираност во овој предмет. Ова е прв пат судија да бара покренување постапка за утврдување одговорност и ќе постапуваме по тоа, изјави Здравев, одговорајќи на новинарско прашање на денешната презентација на анализата за работата на Судскиот совет.

Од друга страна, очекувањата на познавачите на состојбите се дека поради тамошната констелација, веројатно и очекувано е дури и Советот да застане во одбрана на Кацарска, особено поради нејзиниот „минат труд“ во времето на владеењето на Заевата Влада.

Кон ова наведува и фактот што судијката која го ослободи Зоран Заев од „Поткуп“,  која обвинетите патриоти за местенката на 27 април ги осуди на драконски 211 години, судеше и пресуди во патетичниот случај на СЈО – „Тенк“ за мерцедесот кој и ден-денеска се вози и судијка на која фамозниот АКМИС постојано и ги доделува најжешките случаи против екс раководството на ВМРО-ДПМНЕ, „згрозена“ од сведочењето лично  побара од Судскиот совет да ги утврди сите факти и обвинувања на обвинителката Лиле Стефанова.

Од отворање на истрагата и претресот во неговите фирми, за случајот „Империја“ осомничениот Орце Камчев праќаше судии, обвинители, политичари и бизнисмени, рече во сведочењето за случајот „Рекет“ обвинителката Лиле Стефанова.

Стефанова посочи дека судијката Добрила Кацарска, преку колега на обвинителката Лиле Стефанова, вршела притисок да не се одреди мерката притвор на осомничениот Јордан Камчев, за предметот „Империја“ и додаде дека имало притисок и од политичари.

–Точно е дека судијата Добрила Кацарска, беше цел ден и ноќ во судот кога се одлучуваше за притворот на Камчев – рече Стефанова, во прашање на одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски.

Сепак, дел од јавноста се надева дека „будењето“ на Советскиот совет, кому му требаше цела недела за да гласот „допре“ до нив, се должи на општествените промени кои судиите во ова судско тело го почувствуваа.

Од друга страна, Вилма Рускоска, која е дел од волшебниот судско-обвинителски триаголник Јовески-Кацарска-Рускоска, ја бранеше Кацарска и ја нападна колешката Лиле Стефанова за сведочењето на Кацарска. Пред 5 дена пак, Боки 13, обвинет во рекет, ја обвини истата таа Рускоска за криминал тежок 4 милиони евра.

До денешен ден, обвинителот Јовески не најде време и место за да ги испита наводите на Бојан Јовановски.

 

Коронавирус