среда, 31. мај 2023. Вести денес: 107
Во живо

Трибина на тема „Политики за развој енергетскиот сектор“

home Вести

Судскиот совет ќе избира претседател на скопска Апелација и ќе го разгледа извештајот од АКМИС-от

Судскиот совет ќе избира претседател на скопска Апелација и ќе го разгледа извештајот од АКМИС-от

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница, како што е објавено на веб страницата на Советот, треба избира претседател на Апелацискиот суд Скопје и на Основниот суд Дебар. Претходно, Советот треба да ги усвои конечните ранг-листи на кандидатите за претседатели на овие два суда.

Членовите на Судскиот совет на затворен дел од седницата ќе го разгледуваат извештајот од извршениот увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од деловникот во судовите доставен од Министерството за правда.

На седницата ќе бидат разгледани и пет барањa за поведување на постапка за утврдување на одговорност за судија.