петок, 30. септември 2022. Вести денес: 0
home Вести

Судовите станаа политички  орган за реализација на Тиранската платформа

Ако се земе во предвидид сериозноста на Али Ахмети како политичар се доаѓа до заклучок дека неговите изјави се одмерени и вистинити. Оттука се доаѓа до прашањето кој од власта се дрзнал да влијае врз судството и тоа не врз било кој суд, туку врз Врховниот суд на Република Македонија, кој е највисока судска инстанца во државата.
Судовите станаа политички  орган за реализација на Тиранската платформа

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во вчерашното гостување на Алсат телевизија зборувајќи за реализацијата на Тиранската платформа, која тој ја ословува како договор, рече дека дел од договорот се и случаите „Монструм“ и „Диво Насеље“, за кои како што рече Ахмети, треба да се бара истрага.

Тоа инаку е надвор од дометот на извршната власт, а е во надлежност на судовите. Имено Врховниот суд на Република Македонија на 24-ти ноември 2017 година донесе одлука со која се прифатија жалбите на одбраната и предметот Монструм е вратен на повторно судење. Ахмети со оваа изјава практично признава дека власта извршила притисок врз Врховниот суд за тој да го врати случајот на повторно судење, како би се исполнила оваа точка од Тиранската платформа.

Зборувајќи за Тиранската платформа и нејзината реализација, Ахмети рече:

– Во тој договор е Законот за албански јазик, во тој договор е дека треба да се бара истрага или меѓународен мониторинг за некои случаи како случајот “Монструм“, Кумановскиот случај. Секогаш ги имаме повторувано, цело време, случајот Бродец. И тие веќе се во фаза на реализација. И тие случаи, секако има случаеви кои вие не ги слушате. И изјавата од премиерот на земјава, дека ние се согласуваме и се договоривме да се направи мониторинг и да се расветли вистината за сите овие сомнителни случаи. И случајот на македонскиот новинар. Така што, како пакет, тој договор веќе се спроведува како ветување кои го дадовме на албанскиот електорат.

Со оваа изјава Ахмети практично призна дека дел од политички договор за формирање на владата е одлуката на Врховен за повторување на судењето за „Монструм“, од 24.11.2017 година.

Ако се земе во предвидид сериозноста на Али Ахмети како политичар се доаѓа до заклучок дека неговите изјави се одмерени и вистинити. Оттука се доаѓа до прашањето кој од власта се дрзнал да влијае врз судството и тоа не врз било кој суд, туку врз Врховниот суд на Република Македонија, кој е највисока судска инстанца во државата.

Некој од власта со влијанието врз судот случајот „Монструм“ да биде вратен на повторно судење директно го прекршил чл.98 од Уставот на Република Македонија, кој вели:

„Судската власт ја вршат судовите. Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Организацијата на судството е единствена. Забранети се вонредни судови.“

Ахмети треба оваа своја изјава да ја објасни и да и каже на јавноста како и поради што Врховниот суд постапил по наредбите на некој од власта. Бидејќи со тоа дејание директно е прекршен Уставот на државата.

 

Најнови вести

Коронавирус