сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Судот одреди 30 дена притвор за Груевски во предметот „Титаник“

Судот одреди 30 дена притвор за Груевски во предметот „Титаник“

Поранешиот премиер Никола Груевски, денеска доби нов 30-дневен притвор и за предметот „Титаник” на СЈО.

Судијата Осман Шабани, кој е претседател на Судечкиот совет, на денешното рочиште во Кривичниот суд, во однос на предлогот за определување мерка притвор за Груевски, рече дека Советот донел одлука на обвинетиот да му се одреди мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање.

Мерката притвор беше побарана на минатото рочиште од страна на обвинителката на СЈО Лиле Стефановска. Претходно, Судот одлучи на Груевски да му се суди во отсуство.

Најнови вести

Коронавирус