понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 127
home Вести

Судот и законите на колена пред политичките интереси на СДСМ и ДУИ

Судот и законите на колена пред политичките интереси на СДСМ и ДУИ

Со цел да ја заштитат партиската коалиција од македонскиот и албанскиот блок, СДСМ и ДУИ се пазарат газејќи го интегритетот на судската власт.

Наместо почитување на закони, партиите на Заев и Ахмети се пазарат бранејќи ги секој своите политички интереси.

Македонската полиција го уапси Томор Мирина на граничниот премин Блаце пред една недела, врз основа на потерница од српскиот суд. Станува збор за поранешниот член на Ослободителната војска на Косово (УЧК). Кривичниот суд во Скопје му одреди 30 дена притвор.

Случајот стана нова пречка која заедно мора да ја поминат СДСМ и ДУИ. Според Устав и закон, тие со мал прст не смеат да мрднат за вакви случаи кои во целост се под ингеренции на судството. Но, со оглед на тоа за каков профил на политичари станува збор, нема да биде прв пат судски процеси да користат за поткусурувања со цел да ја задржат коалицијата.

ДУИ силно притиска за ослободување на Морина, а Заев се соочува со фактот дека овој случај може да му ја турне и онака разнишаната коалиција. Нема да биде прв пат да попушти, да преговара и да се ценка како тој да е целиот правосуден систем во земјава.

Овие две партии досега покажаа јасно дека правото, судот и законите се нешто за кое може нивните челници да се пазарат.

Вицепремиерот Османи бара ослободување!

Ставот на ДУИ по ова прашање е кристално јасен. Јавно беше испорачан од вицепремиерот на Владата предводена од Заев, Бујар Османи.

Вицепремиерот за европски прашања најави дека ќе оди во затвор да го посети приведениот поранешен припадник на ОВК.

-Ова е недозволиво. Морина треба да се ослободи. Жално е што се случи овој настан, бидејќи влијае на односите меѓу нас и Република Косово. Барањето на Србија е за српски граѓанин, а ние овие граѓани ги признаваме како граѓани на Косово. Тоа е безпредметно. Специфично е дека потерницата не е преку српскиот Интерпол, туку преку централата на Интерпол, и затоа нашата држава треба да ги почитува процедурите. Мојата посета е како пријател на Република Косово и претставник на Влада која е пријател на Косово, рече Османи.

Србија поднесува барање до Македонија за екстрадиција на Томор Морина

Српското Министерство за правда до Македонија поднело барање за екстрадиција на поранешниот припадник на УЧК Томор Морина, потврдија од министерството за новинската агенција Танјуг.

Тој се барал во Србија под сомнение дека извршил воени злосторства против српски цивили на Косово. Српското обвинителство за воени злосторства ја води истрагата против него.

Покрај барањето за екстрадиција, Србија мора да достави и документи поврзани со случајот, додека македонското судство ќе донесе одлука дека се исполнети условите за екстрадиција.

Конечната одлука по барање на Србија ја носи македонското Министерство за правда.

Од друга страна, има бројни реакции за апсењето на Морина. Покрај косовските претставници, реакции имаше и од албанските политички партии во Скопје.

Хади Османи: Во Македонија веќе две години немаме на власт Влада која сака да ги апси поранешни војници на УЧК

Кривичниот суд во Скопје  ја отфрли жалбата на адвокатот Насер Рауфи, со која се бараше ослободување на поранешниот припадник на УЧК Томор Морина, кој беше уапсен пред 5 дена на граничниот премин Блаце.

Новинарот Хади Османи кој беше и кандидат за градоначалник на Липково од редовите на СДСМ на својот Фејсбук профил сподели и статус поврзан со екстрадицијата на Морина во соседна Србија.

-Почитувани граѓани, пријатели, добронамерници, а особено вие од Косово. Јасна и на место е вашата и нашата загриженост по апсењето на поранешниот војник на УЧК, Томор Морина. За жал, ние сме во ситуација кога соседна држава сè уште не го исчисти своето криминално минато и сè уште ги гони оние кои се бореа против варварската окупација.

Веднаш откако ја добив веста за апсењето на Томор, имав интензивни состаноци и разговори со високи претставници на државата и партијата и сега сум среќен што можам да ве известам дека ТОМОР МОРИНА НЕМА ДА СЕ ЕКСТРАДИРА ВО СРБИЈА. Постојат само неколку процедури што Македонија е должна да ги изврши кон Интерпол, а не кон Србија.

Мора да бидеме малку трпеливи бидејќи поради летната сезона и одморите во судовите постапката може да трае малку подолго, но уште еднаш повторувам дека Томор Морина нема да се екстрадира во Србија. Во Македонија веќе две години немаме на власт Влада која сака да ги апси поранешни војници на УЧК, но еве се случуваат неочекувани ситуации заради обврските кон Интерпол, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Албин Курти: Ги повикуваме нашите дипломатски и владини институции итно да ги следат сите постапки за да може Томор да биде ослободен што е можно поскоро

Лидерот на косовското опозициско Движење Самоопределување (ВВ) Албин Курти на својот Фејсбук профил објави статус поврзан со апсењето на поранешниот борец на УЧК Томор Морина.

-Деновиве, за време на службено патување во странство, од медиумите дознав дека поранешен борец на УЧК, Томор Морина е приведен во северна Македонија. Неговото притворање дојде како резултат на налогот за апсење издаден од Србија против нашите ослободителни борци. Томор е еден од многуте војници на УЧК кои се уапсени, а некои и со години се држени во затвор со налог за апсење од Србија, и за кои многумина наши граѓани слушнале само кога биле ослободени, но властите во меѓувреме преговарале со Србија, без воопшто да го покренат како услов ова прашање. Отсекогаш сме имале импровизирани реакции на косовската држава кон систематските потерници за апсење на Србија. Додека Србија ги бара сите, како припадници на УЧК, нашите институции реагираат во зависност од позицијата на војникот. За некој се прави голема галама за тоа што е некаде интервјуиран, а за Томор Морина сè уште нема државна реакција, иако тој е во предпроцес за екстрадиција. Со различниот третман на војниците, самото Косово не ја брани УЧК. Бараме итно ослободување на војникот на УЧК и граѓанинот на Република Косово, Томор Морина. Ги повикуваме нашите дипломатски и владини институции итно да ги следат сите постапки за да може Томор да биде ослободен што е можно поскоро, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Заев најавува дека ќе се почитуваат закони и меѓународни правила, владината коалиција за случајот спроведува самоволие

„Владеењето на правото и почитувањето на меѓународни правила е норматив, европска вредност која и вие и јас и сите се залагаме. Потерницата е стигната од Интерпол, не е ниту од Вучиќ или Милошевиќ. Од Интерпол каде сме членка и каде сме гласале и Косово да биде членка, без разлика што Србија е против. Постапките ги води надлежен обвинител и за нив одлучува надлежен судија, ниту ги води Заев, ниту Спасовски, ниту Агим Нухиу, ниту кој било од Владата“

Ова го изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање од пратеникот и координатор на ДУИ Ејуп Аљими за одлуката за екстрадиционенен притвор на Томор Морина.

Како и многупати досега, Заев по своите изјави се соочува со отпор од страна на ДУИ. Досега многупати потклекна поради коалициониот партнер, а како ќе реагира во овој случај, останува да видиме.

Координаторот на ДУИ за притворот за Морина: „Срамота, срамота, срамота …“

Координторот на пратеничката група на владејачката ДУИ, Ејуп Аљим,и најмалку десет пати го употреби зборот срамота во своето неколкуминутно обраќање од собраниската говорница, додека поставуваше пратеничко прашање до владата за екстрадицискиот притвор  на Томор Морина, поранешен член на ОВК.. Аљими, кој не многу често дискутира во парламентот, овој пат, обраќајќи се изреволтирано кон министрите и премиерот, дури и го спореди постапувањето кон Морина со политиките на режимот на Слободан Милошевиќ во Србија.

Лајм: Албанска партија во Македонија спречува ослободување на Томор, сака да добие политички поени на неговата несреќа

Албанска партија во Македонија врши притисок да не се ослободи поранешниот војник на Ослободителната војска на Косово (ОВК-УЧК), Томор Морина, велат извори од Организацијата за ветерани на УЧК за весникот Лајм.

Според информациите што ги имаат тие, Морина требаше да биде ослободена од затворот во Скопје вчера, но по инсистирање на гореспомената партија „која традиционално собира политичките поени од албанските несреќи“, ослободувањето на Томор е одложено.

-Тие го условуваат ослободувањето на Томор. Имаат два услови – првиот услов е пред да бидат ослободени да го посетат во затвор и да се сликаат со него за да се здобијат со политички поени, а вториот услов е да го принудат Томор откако ќе излезе од затвор да се слика со лидерот на нивната партија, или кој било висок функционер на оваа партија, велат овие извори.

Некои ветерани на УЧК, членови на Организацијата на ветерани, велат дека откако ќе се ослободи Томор, ќе го кажат и името на албанската партија во Македонија што го одложи ослободувањето на нивниот соборец, објави ЛАЈМ.

Гарантира Зејди од Алтернатива: Томор Морина набргу ќе биде ослободен!

ЛАЈМ пренесува објаќање на Скендер Реџепи-Зејди од Алтернатива:

„ПРАВДА И ДОСТОИНСТВО Достоинството на поранешната УЧК и нејзините војници останува високо и со чист образ, независно од грешките што ги направија и продолжуваат да ги прават нивните политички претставници, на времето па се до денес.Никој не се осмелува да ја погази нивната вредност, нивното жртвување и достоинство и за тоа ние се колнеме и треба да се колнеме сите, без разлика дали сме во позиција или опозиција, затоа што националните и човечките прашања се над се, без разлика дали се тие колективни или индивидуални.Затоа, благодарение на заложбата на разни фактори, набргу се очекува да биде ослободен поранешниот војник на УЧК, Томор Морина, кој беше неправедно уапсен во нашата земја, но под сценарио на фашистичкиот српски режим.Правдата има вредност и тежина само тогаш кога доаѓа до израз“.

Адвокатот Рауфи му одговори на Бујар Османи: „Ти не се разбираш ниту во медицината, не се мешај во правото“!

Адвокатот на Томор Морина, Насер Рауфи, му одговори на Бујар Османи кој изјави дека адвокатот се уште не поднел барање до Министерството за правда за прекинување на постапката за екстрадиција.

„Тој не се разбира ниту во медицината, нека не се меша во правото“, кратко одговори Рауфи.

И косовскиот амбасадор Дедај со повик да се ослободи припадникот на УЧК Морина

Амбасадорот на Косово во Македонија, Ѓерѓ Дедај преку статус на својот профил на Фејсбук, посочи дека го прекинал летниот одмор за да се вклучи во ослободување на поранешниот војник на УЧК, Томор Морина кој беше уапсен од македонските власти врз основа на српска потерница.

„Да се ослободи Томор Морина!

Амбасадата на Косово во Скопје, е ангажирана во ослободување на поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, уапсен од властите на Северна Македонија, по налог за апсење на Србија.

Иако сум на редовен годишен одмор, решив да го прекинам одморот за да се сретнам со надлежните од официјално Скопје, за да се ослободи Томор Морина, неправедно уапсен, врз основа на српска потерница!

Дипломатите и колегите од Амбасадата на Косово во Скопје ги вложија сите напори и се посветија да го ослободат г-дин Морина што е можно поскоро и да се вратат во Косово!“, стои на фејсбук статусот на косовскиот амбасадор Дедај.

Османи слободно во посета на притвореник, Мицкоски го бркаа со полиција

Бујар Османи, како што посочивме погоре, јавно истакна дека ќе го посети Морина. Да потсетиме, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сакаше да го види приведениот Миле Јанакиески откако тој беше претепан во затвор и однесен во болница. Тогаш Мицкоски од страна на затворската полиција беше соочен со отпор и никако не му беше дозволено да го посети Јанакиески.