петок, 4. декември 2020. Вести денес: 89
home Вести

Судот и дозволи на Косовска амбасада посета на Морина во притвор

Судот и дозволи на Косовска амбасада посета на Морина во притвор

Во Кривичниот суд стигна барањето од Министерството за правда за произнесување во однос на постапката за екстрадиција на поранешниот член на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Томор Морина, за кој на 25 јули годинава беше прифатен предлогот за определување мерка притвор заради екстрадиција по распишана меѓународна потерница.

– Судијата на претходна постапка, согласно законските одредби, барањето ќе го испрати на мислење во надлежното Обвинителство, а по добивање на мислењето Судот ќе се произнесе и одговорот ќе го достави до Министерството за правда, кое е надлежно во понатамошниот дел од постапката за екстрадиција, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.

Воедно, како што стои во соопштението, денеска е добиено барање за посета на притвореното лице од страна на претставници на Косовската амбасада во Скопје, кое барање согласно член 178 од ЗКП, им е одобрено.

Коронавирус