недела, 27. септември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Судот бара приведување – Тони Трајковски ноќта ја минал на Клинички

Судот бара приведување – Тони Трајковски ноќта ја минал на Клинички

Претепан е поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски.. Инцидентот се случил доцна синоќа, во населбата Автокоманда, а беше причина тој утрово да не се појави на судското рочиште за случајот ТНТ..

„На 22.12 околу 23:35 часот, Т.Т пријавил дека во Скопје на пешачка патека во близина на болница, по претходна вербална расправија со две лица, бил физички нападнат од нив“, се вели во известувањето од МВР..

Полицијата не открива дали ги знае напаѓачите ниту причините за инцидентот. Неофицијално, двете лица шетале расно куче без маска, па екс градоначалникот Трајковски им кажал дека се плаши. По кратката расправија, физички го нападнале.

Двајцата непознати напаѓачи, на Трајковски му нанеле повреди на главата и телото па тој ноќта ја минал во болница.

Откако не се појави во судница, судијата кој денеска очекуваше да ја слушне неговата одбрана, побара да биде донесен со полиција бидејќи Трајковски според информациите од лекарите бил пуштен дома.  По паузата од еден час, судењето го презакажа за утре. Адвокатот на Трајковски негира дека ова е обид за одолговлекување на судењето.

-Реалната, вистинита здравствена состојба на Тони Трајковски е многу лоша. Тој има повреди на главата, телото, во тешка здравствена состојба е, не може да зборува, има повреда од тврд предмет кај што треба да прима инјекција против тетанус и докторите препорачуваат најмалку седум дена мирување. Не гледам ни потреба зошто се силува толку за да се носат во ваква состојба обвинети, во тешка здравствена состојба да дојдат на судење“, изјави Јовица Страшковски, адвокат на Тони Трајковски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека зад нападот на Трајковски стои власта. Велат тоа е пресметка со политичките неистомисленици.

„Поранешниот граадоначалник на општина гази Баба, Тони Трајковски, донца синоќа е претепан на крвнички начин, додека пешачел на пешачка патека. Претепувањето кое се случило е смислено и со цел. Власта сака да го замолчи и заплаши Трајковски. Тоа е демократскиот капацитет на Зоран Заев и неговите насилници. После прогоните и судските постапки, власта поминува и на брутално насилство и физички пресметки“, изјави Орце Ѓорѓиевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку судењето за ТНТ е во завршница. По испитување на обвинетите ќе следуваат завршни зборови и пресуда. Последните неколку рочишта траат без малку по 12 часа заради истек на мандатот на поротник а со негова замена, судењето ќе се врати на почеток.

Судскиот совет пак информира дека првиот човек на Кривичен побарал продолжување на мандатот но од советот велат дека поротникот е навршил 60 години и според Законот за судови, на таа возраст прекинува функцијата. Ова судскиот совет треба да го констатира на следната седница која е закажана за во среда.

„Судскиот совет одржа работен состанок и имајќи ги предвид наведените законски одредби донесе заклучок согласно кој престанок на функцијата судија поротник на наведените судии поротници во Основниот кривичен суд Скопје ќе констатира на првата наредна седница“, се вели во соопштението на Судски совет.

Во ТНТ обвинети се Миле Јанакиески, Тони Трајковски и четворица вработени во општина Гази Баба. Во отсуство Му се суди и на ек премиерот Груевски. Одговараат за незаконско уривање на „Космос“.

извор: sitel.com.mk

Коронавирус